Утрински Весник
Македонија

Општина Василево почна да гради улица во село Добрашинци

Општина Василево почна да гради улица во село Добрашинци

Струмица, 4 март 2020 (МИА) – Во селото Добрашинци, во „Турското маало“, општина Василево денеска почнаа градежни активности за изградба на улица долга 240 и широка околу 4 метри со вкупна асфалтна површина од 900 метри квадратни, информира градоначалникот Марјан Јанев.

– Инвестицијата изнесува околу еден милион и 350 илјади денари, средства обезбедени од општинскиот буџет. Заради специфичните услови на теренот и заштита на улицата и околниот простор од атмосферските води ќе се изградат и три пропусти за одведување на атмосферската вода во речното корито, кое се наоѓа во непосредна близина на улицата, додаде градоначалникот Јанев.

Инаку, оваа улица во село Добрашинци требало да се гради лани, но градежната компанија која ја добила работата не ги почнала градежните работи согласно потпишаниот договор, по што била избрана друга компанија која денеска почна со изградба на улицата. рт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!