Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филиче обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за имот стекнат со корупција ги смета за класични лажни вести и обвинувања.
– Некој го прател имотот на семејството на мојата сопруга уште во 2012, 2013 година. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ за правење ситуација, лажна слика, да се зборува за нешто што не е вистина. Нашите достигнувања во секторот ги признаваат дури и колегите кои што се членови на ВМРО-ДПМНЕ, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Не очекувам, додаде министерот за здравство, ништо друго од ВМРО-ДПМНЕ освен лажни вести и обвинувања.
– Ништо не може да се очекуваа од таква опција, која што не нуди ништо сериозно и крупно за нашата држава. Не постои неврохирург од развиена европска западна земја којшто крпел глави на повредени лидери на политичка партија заради тоа што некој друг сакал да му го одземе животот. Такви колеги јас не сум сретнал. Ние тоа го имавме во нашиот Парламент. Таква опција нема да се врати во нашата земја. Тие ќе продолжат и понатаму со лажни вести и обвинувања. Смешни се обвинувањата. Ние продолжуваме со сериозните наши политики, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за аферата „Шпанско село 2“. дма/сп/