Утрински Весник
Македонија

Филипче: Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус, пациентката на Инфективна клиника во добра состојба

Филипче: Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус, пациентката на Инфективна клиника во добра состојба

Куманово, 3 март 2020 (МИА) – Пациентката која има коронавирус и е на Клиниката за инфективни болести се чувствува добро и веќе трет четврт ден е без температура. Полека влегува во постабилна фаза од болеста. Нема нови пациенти кои во овој момент се тестираат за коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски го посетија граничниот премин Табановце со цел проверка на системот за превенција од коронавирус.

Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден стигнале и контролните резултати од лабораторијата во Германија, со која Министерството соработува, и ги потврдиле досегашните тестови, сите негативни и позитивниот на пациентката, што е обврска и функционира како супервизија на работата на лабараторија во рамки на Институот за јавно здравје.

– Набавката на дополнителна заштитна опрема е во тек. Во текот на вчерашниот ден го потпишавме договорот за дезинфекциските средства и тие веќе од утре ќе бидат дистрибуирани со помош на локалната самоуправа во основните училишта, каде за тоа има потреба, додаде Филипче. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор