Утрински Весник
Економија

Димитриеска – Кочоска: Долгот на општините не се намалува и изнесува 3.083.704.021 денари

Димитриеска Кочоска: Повторно задолжување за непродуктивни трошења

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Министерството за финансии и Владата, наместо да манипулираат со податоците, да одговорат зошто и покрај констатациите за незаконитоста при постапувањето и ненаменското трошење на буџетските средства за општините, не се преземени соодветни мерки, рече денеска на прес-конференција дополнителниот заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Според Димитриеска – Кочоска, се покажа дека 50-те милиони евра народни пари не се потрошиле за покривање на долговите кон добавувачите како што најавуваше Владата во 2018 година.

– Зошто овие средства не се вратени во Буџетот согласно законот, зошто се фаворизирале доверители, зошто се исплаќало спротивно на закон, зошто Владата и Министерството за финансии не ги известат граѓаните за ненаменското трошење на нивните пари или тоа би влијаело на претстојните избори, праша дополнителниот заменик-министер.

Истакна и дека „Владата во 2018 година издвои 3.032.383.084 денари или околу 50 милиони евра за финансирање на обврските на општините и нивните единки корисници, без никакви критериуми, по кои би се доделувале средствата или анализа за оправданост за помошта на задолжените општини и единки корисници“.

-Тогаш власта и пратениците кои го поддржаа овој закон уверуваа дека парите ќе се трошеле за покривање на долговите кон добавувачите со што ќе се помогнело во локалниот економски развој. За жал, тоа не е така и денеска се покажа дека кај голем дел од општините овој закон и доделувањето на финансиските средства само го поттикнаа недомаќинското работење и финансиската недисциплина, на кои ризици укажуваше ВМРО-ДМПНЕ своевремено. Дека ова е така, се потврдува од податоците на доспеаните, а неплатени обврски на општините и нивните единки корисници, според кои нивните долгови наместо со таа поддршка за која од Буџетот се исплатија финансиски средства да се намалуваат, тие во најголем број се зголемуваат или остануваат исти. Тогаш долгот на општините и единките корисници изнесувал 5.945.849.186 денари, што значи дека нивниот долг откако ќе се искористат средствата од финансиската помош требало да изнесува најмногу 2.913.466.096 денари. Наместо тоа, долгот на општините сега изнесува 3.083.704.021 денари, а заедно со нивните единки корисници е на износ од 3.553.698.270 денари, истакна Димитриеска – Кочоска.

Вчера, потсети, јавноста беше известена дека долгот на општините се намалува, но според податоците тоа не е така.

-Покрај тоа што министерката за финансии известуваше за трендот на намалување на долговите на општините, во ваквото известување случајно или не, беа пропуштени долговите на 10 општини, кои во моментот на доделување на финансиската помош имале долг од околу осум милиони евра, што укажува на груба манипулација со податоците со цел поинакво презентирање во јавност. Она што дополнително загрижува е незаконското работење на дел од Општините и нивните единки корисници, а најалармантно е дека Владата за незаконитоста во работењето и ненаменското трошење на буџетски средства на овие Општини била известена, но ништо сеуште не се презема, предочи наведувајќи ги бројките за овие општини.

За секое постапување во однос на ненаменското трошење и неправилностите, како и тоа кон кого се исплатувало, Владата, рече Димитриеска – Кочоска, била информирана, што произлегува и од законските одредби, согласно кои до Владата се доставуваат извештаи до 30.11.2019 година. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија