Куманово, 3 март 2020 (МИА) – Припадниците на МВР, Царинската Управа и вработените од Центарот за јавно здравје Куманово, координирано работат на Граничниот Премин Табановце, се постапува по алгоритмите, со цел превенција на ширење на корона вирусот, оценија денеска претседателот на Владата и министерот за здравство, Оливер Спасовски и Венко Филипче кои го посетија преминот и разговараа со преставниците на царината и полицијата.
ГП Табановце е најферкфентен сувоземен пат преку кој влегуваат граѓани во државата, вклучително и од ризичните подрчја како што е Северна Италија. На преминот има и излоациона соба за патниците кои доаѓаат од ризичните држави.
-Координацијата оди одлично, сакам да им честитам и да ги пофалам сите припадници на Министерство кои одлично се справуваат со оваа ситуација, целосно се почитува алгоритамот, тоа значи дека се прашува секој од каде доаѓа, доколку доаѓа од ризичните региони се прави дополнително интервју, дали бил во контакт со заболен, дали евентуално патникот има симптоми доколку има се трга настрана во посебна изолирана соба, се прави контакт со епридемиолотозите од Центарот за јавно здравје кој после тоа, по потреба постапуваат според алгоритамот, истакна министерот Филипче.
Тој најави дека во зградата на полицијата ќе се одржуваат и едукативни часови, од страна на лекари од Институтот и Центарот за јавно здравје .
-Пациентката на Клиниката за инфективни болести се чуствува добро, веќе трет четврт ден е без температура, сметам дека полека влегува во една постабилан фаза од болеста, нема нови пациенти кои што во овој момент се тестираат за корона вирусот, изјави Филипче.
Во текот на вчерашниот ден, инфирмираше министерот, стигнале и контролните резултати од лабараторијата во Германија, со која Министерството соработува, и ги потврдиле досегашните тестови, сите негативни и позитивниот на пациентката, што е обврска и функционира како супервизија на работата на лабараторија во рамки на Институот за јавно здравје. Министерот дополни дека во тек е набавката на дополнителна опрема, а вчера е потпишан договорот за дезинфекциони средства, кои од утре ќе бидат дистрибуирани со помош на локалната самоуправа по основните училишта.
Претседателотна Владата Оливер Спасовски вели дека полицијата и царината ги почитуваат насоките дадени од кризниот штаб за контрола на секој патник кој влегува на територијата на Република Северна Македонија при тоа користејќи заштитина опрема и на начин кој е пропишан во сите алгоритми.
-За одбележување е дека се обезбедени соби за изолација на сите гранични премини каде фрекфенцијата е поголема и мора да се напомене дека ГП Табановце и ГП на меѓународниот аеродром Скопје се двата гранични премини каде има најголема фрекфенција и тука има најголеми активности. Важно е се она што е пропишано, се она што е препорака овде се применува, така ќе продолжиме и понатаму во делот на институциите. Беше многу важно да дојдеме со министерот да видиме како функционира тој систем и да побараме од полицајците и Царинската управа да останат посветени со цел сите заедно да придонесеме за зачувување на јавното здравје. Добро е што навремено бевме подготвени, навремено се преземаа сите мерки, а целта беше како да се пресечат патиштата на движење на вирусот, изјави Спасовски.
Тој се заблагодари на институциите организациите кои што го почитуваат апелот на Владата за неорганизирање поголеми собири, а со тоа се намалува и ризикот од пренесување на вирусот и на овие граѓани кои ги почитуваат препораките
-Да упатам апел до оние граѓани кои што не ги почитуваат препораките и граѓани кои што сметаат дека тие најдобро знаат како треба да се справуваат, да ги почитуваат препораките кои што ги даваат епидемиолозите и кои што ги даваат центрите за јавно здравје, кризниот штаб, заради тоа што така сите заедно низ еден систем кој што функционира ќе можеме максимално да бидеме заштитени, рече Спасовски.
Премиерот информирфаше дека според информациите од Граничните премини, има околу 250 патници се дојдени од Италија од ризичните зони со автобуски превоз и околу 70 патници кои се дојдени индивидуално со сопствени возила. Сите тие биле подложни на контрола, извршени се консултации со епидемиолози кои 24 часа работат и се достапни за граничните премини, така што немало случај кој што треба биде изолиран и којшто требал да биде тестиран.
Што се однесува до зголемени цени за маски, деизнфекциони средства, Спасовски рече дека на минатата седница на Влада имале заклучок и се чека на извештајот.
-Кој и на каков начин ги зголемува цените. Тоа ќе реагираме најостро како Влада, заради тоа што не може во рамки на една криза во Северна Македонија, некој да профитира. Ако мисли некој да профитира на сметка на граѓаните и на сметка на здравјето на граѓаните, се лаже. Институциите ќе функционираат, таму каде што ќе видиме дека има сериозни пропусти и на кои што профитот им е поважен од здравјето на граѓаните, секако дека ќе следуваат соодветни санкции врз она што ќе го утврдиме, изјави Спасовски. ам/бк/