Утрински Весник
Сцена

Обожаватели на „Џејмс Бонд“ бараат одложување на премиерата на новиот филм

Објавен плакатот за новиот Бонд 25 (слика, видео)

Лондон, 3 март 2020 (/) – Обожаватели на серијалот „Џејмс Бонд“ во отворено писмо побараа одложување на првото прикажување на новиот филм „Не е време за умирање“ (No Time To Die). Причината е стравот од новиот коронавирус.

Европската, односно лондонската премиера е закажана за 31 март, а американската – за 10 април. По тој повод, обожавателската страница „MI6-HQ“ објави јавен повик студијата МГМ и Јуниверзал да го одложат прикажувањето на филмот.

„Време е филмските судија да го стават јавното здравје пред маркетинг-термините и тоа – колку откажувањето ќе чини“, се вели во написот.

Државите што се најмногу погодени од коронавирусот, веќе воведуваат забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите црвени зони обележани поради вирусот. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка