Утрински Весник
Спорт

Жељко Обрадовиќ по вторпат го одби Фенербахче

Жељко Обрадовиќ по вторпат го одби Фенербахче

Истанбул, 2 март 2020 (МИА) – Жељко Обрадовиќ одби да го продолжи договорот со Фенербахче. Тимот од Истанбул има тешка сезона со голем број на пехови, а честа мета на критики беше токму прославениот српски кошаркарски тренер.

Обрадовиќ има поддршка од фановите кои сакаат да остане во клубот по секоја цена, но српскиот тренер ги одби двете понуди на претседателот на клубот, Али Коч да остане на клупата и по ова лето.

Фенербахче оваа сезона ги ангажира Нандо де Коло и Дерик Вилијамс како најголеми засилувања, а во тек на сезоната го доведе и Малколм Томас и Џејмс Нанели. Моментно е на деветтото место на табелата во Евролигата со идентичен број на победи како и Валенсија на осмата позиција, последна што води во плејофот. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл