Утрински Весник
Спорт

Џошуа против Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем

Џошуа против Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем

Лондон, 2 март (МИА) – Ентони Џошуа и Кубрат Пулев договорија боксерски спектакл на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Бугарскиот боксер Пулев со години е при врвот на на светската листа на најдобри тешкаши и во 29 борби досега загуби само една и тоа од Владимир Кличко во 2014 година. Потоа „врза“ осум победи од кои највредната против Дерик Чисоре, па сега повторно му се укажува прилика да се бори за светската титула.

Ентони Џошуа, пак, успеа да ги врати титулите што ги загуби по неочекуваниот пораз од Енди Руиз, меѓутоа против 194 сантиметри високиот Пулев во никој случај ќе нема прошетка во рингот. сѓд/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата

Рустемовски избори четвртфинале на ЕП во бокс

Струга реди домашни победи без примен гол