Утрински Весник
Економија

Инфо-караванот за ИПАРД 2 утре во Желино и Теарце

Инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Инфо-деновите за презентирање на Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата утре продолжуваат во Желино и Теарце.

Повикот за оваа мерка трае до 14 април, а предвидува вкупно 9.216.693 евра или  568.147.394 денари за вложување во примарно земјоделско и сточарско производство, инфраструктурни зафати, преработка, директен маркетинг на земјоделското стопанство и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Министерството за земјоделство потсетува дека во овој повик, набавката на трактор не е прифатлива инвестиција.

Корисници на Мерката 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице и задруги.

Освен Мерката 1, на средбите со земјоделците во рамки на инфо-деновите кои неделава ќе бидат организирани и во други општини покрај Желино и Теарце, презентирани ќе бидат и мерките 3 и 7. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија