Утрински Весник
Македонија

Конференција „Дигатално или дигипадно“

Конференција „Дигатално или дигипадно“
Dik 300x250 mk

Скопје, 2 февруари 2020 (МИА) – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на активностите на мрежата Евридика и во соработка со Министерството за образование и
наука денеска ја организираат конференцијата „Дигатално или дигипадно (Digital or Digifall)“.

Главна цел на конференцијата, како што информираат организаторите, е да поттикне дискусија за новата финансиска рамка на програмата Еразмус+ каде посебен акцент се става на дигитализацијата на
високообразовните институции (Erasmus Without Paper), како и за таканаречената Иницијатива за Еразмус студентска картичка (Erasmus Student Card Initiative).

Покрај проректорите за меѓународна соработка во високообразовните институции и Еразмус+ координаторите, на конференцијата ќе присуствуваат претставници на студентските здруженија, како на тинк-тенк организации кои се занимаваат со областа на образованието.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект