Утрински Весник
Македонија

Во заостанат прволигашки натпревар кошаркарките на „Крива Паланка“ подобри од „Патриот 2016“

Во заостанат прволигашки натпревар кошаркарките на „Крива Паланка“ подобри од „Патриот 2016“

Делчево, 29 февруари 2020 (МИА) – Заостанатиот кошаркарски натпревар помеѓу женските прволигашки екипи на „Патриот 2016“ и „Крива Паланка“ им припадна на гостинките. Тие славеа убедлива победа на паркетот во спортската сала „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево совладувајќи ја домашната екипа со убедливи 54:106.

Домаќинките беа рамноправни само во првото полувреме, во кое пред неговиот крај имаа водство, но сепак гостинките со пресврт замина на пауза со резултат 33:38.

– Доколку останеше водството кое го имавме на минута и половина пред крај на полувремето, можеби ќе беа други плановите и резултатот на семафорот. Но, гостинките од Крива Паланка го направија пресвртот до крај на полувремето, а потоа се одлепија и убедливо победија. Честитки до победникот, им честитам и моите кошаркарки, кои сепак се млади и за нив овие натпревари се мошне значајно во насока на собирање искуство за понатамошните настапи, изјави по натпреварот тренерот на „Патриот 2016“, Љупчо Петровски.

Пред настапот на прволигашките екипи, младинките на Крива Паланка исто така беа поуспешни од своите врснички од Делчево, кои во М-16 конкуренцијата славеа со двоцифрена разлика.

Прволигашкиот натпревар помеѓу „Патриот 2016“ и „Крива Паланка“, како и оној во младинска конкуренција, согласно препораките на Владата за новонастаната ситуација со коронавирусот се играа без присуство на публика. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме