Скопје, 29 февруари 2020
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска беше во посета на Валандово каде меѓу другото присуствуваше на отворање на нови партиски простории каде што подели 150 членски книшки на нови членови на СДСМ.
Огромно задоволство ми е што ве гледам во толкав број и што денеска членството на СДСМ во Валандово е побогато за 150 нови члена од кои најголем број се млади. Тоа се нови членови кои веруваат дека на државата и треба развој, интеграции и повеќе пари кај граѓаните, тоа се нови членови кои ќе работат и помагаат во остварување на тие цели, рече Заев.
Тој се осврна на успесите во евроинтеграциите, како и постигнатите резултати на домашен план.
Ние сме де факто 30-та членка на НАТО и ќе отвориме преговори за членство во ЕУ. НАТО и ЕУ значат безбедност, сигурност, повисок стандард, повисоки плати, здрави и професионални институции, подобро здравство, подобро образование, додаде Заев.
Државата се развива рамномерно, се гради како никогаш досега, се гради насекаде, се градат болници, градинки, училишта, се рехабилитираат и се градат нови патишта, тоа е доказ дека сме на прав пат, истакна претседателот Заев.
Можеме со гордост да кажеме дека за 2,5 години направивме повеќе од што ВМРО-ДПМНЕ направи за 11 години. Тие трошеа на споменици и жални врби, ние инвестиравме во човечкиот капитал, отворивме нови 60 илјади работни места, ја зголемивме вработеноста на 800 илјади вработени а невработеноста падна на 17 отсто, имаме над 322 илјади пензионери кои добиваат пензии повисоки за 722 денари, се грижиме буквално за сите, ги решаваме проблемите со стечајците, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и затоа сме уверени дека сме на прав пат и сме единствена победничка опција на 12ти април, заклучи Заев.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.