Утрински Весник
Македонија

Општина Ѓорче Петров наплати 380.000 евра отштета од „Трансмет“ за доцнење на изградбата на општинската зграда

Реакција на Општина Ѓорче Петров на лажните информации пласирани во дел од електронските медиуми

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Од сметката на компанијата „Трансмет“ во стечај на Сеат Кочан, Општина Ѓорче Петров успеала да наплати 380.000 евра, односно по 4.000 евра за секој ден доцнење на изградбата на новата општинска зграда, изјави актуелниот градоначалник на оваа скопска општина Александар Наумовски гостувајќи во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“.

Наумовски истакна дека веднаш по доаѓањето на власт покренал правни мерки за да ја заштити инвестицијата, но дека и натаму останува проблем со недоизградената зграда, за која требаат околу 400.000 евра за да се заврши.

– Со тоа ја расчистивме општината од долгови за да можеме да функционираме понатаму. До моментот на отворање на стечајната постапка, пеналите за доцнењето, кои се пријавени во стечајната маса е 1.380.000 евра. Таму има донесено несреќна одлука од советниците, за да го заштитат градоначалникот, да може „Трансмет“ да отуѓува и продава простор од деловниот дел на недоградената општинска зграда. Таа одлука на Советот деловните банки ја искористиле да може да даваат кредити. Тие пари „Трансмет“ не ги искористил за доградба на зградата, туку на други места, изјави Наумовски.

Врз основа на договорот за јавно приватно партнерство потпишан меѓу поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски и компанијата „Трансмет“, во 2012 година е почната изградбата на општинската зграда. Но, осум години подоцна зградата е недоизградена, во состојба на карабина, а „Трансмет“ е во стечај. Според договорот, по изградбата над 3.000 квадрати метри треба да и припаднат на Општина Ѓорче Петров, додека над 11.000 квадрати на „Трансмет“. Градбата е на атрактивна локација, ослободена од давачки. Иако „Трансмет“ е во стечај, јавно приватното партнерство се уште е во сила.

Наумовски објаснува дека тоа е со цел да ги наплатат од стечајот преостанатите 1.380.000 евра, додека делот од зградата што и припаѓа на општината, успеале да го заштитат со впишување и добивање на Имотен лист.

Според експертот Саша Максимовски, стечајот на „Трансмет“ е доволна причина Општина Ѓорче Петров да го раскине договорот со компанијата и да ја замени со друга ликвидна компанија. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ