Утрински Весник
Македонија

Негативни се резултатите на коронавирус на пациентка која утрово се јавила на Инфективната клиника по враќањето од Италија

Негативни се резултатите на коронавирус на пациентка која утрово се јавила на Инфективната клиника по враќањето од Италија
Dik 300x250 mk

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

-Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава, информираат од Министерството.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка која се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.

-Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство, велат од Министерството за здравство.ир/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Кочински: Граѓаните можат паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19

Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување на Лукоил Македонија?