Утрински Весник
Спорт

Арсенал претрпел загуби од 27,1 милиони фунти, нешто невидено во последниве 17 години

Арсенал го победи Њукасл
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 29 февруари 2020 (МИА) – Арсенал во рок од неколку дена со втора непријатна вест за своите навивачи. Прво, „топџиите“ испаднаа од Олимпијакос во 1/16-финалето на Лигата на Европа, а сега објавија финансиски загуби за минатата сезона.

Во соопштението на официјалната веб-страница на клубот се открива дека за финансиската година 2019 година, Арсенал претрпел загуби од 27,1 милиони фунти. Тоа не се случило со тимот на „Емирати“ од 2002 година.

Треба да се напомене дека само една година порано „топџиите“ прогласија позитивен финансиски резултат од 56 милиони фунти.

Сепак, за минатата сезона, клубот ги зголеми трошоците за трансфери, како и ги зголеми платите на водечките играчи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk