Утрински Весник
Македонија

Заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД се запозна со условите во кои учат средношколците од кривопаланечкиот регион

Заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД се запозна со условите во кои учат средношколците од кривопаланечкиот регион

Крива Паланка, 28 февруари 2020 (МИА) – Заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Северна Македонија, Џенифер Р. Литлџон денеска беше во работна посета на општина Крива Паланка и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.
Во рамки на посетата, Литлџон имаше можност да се запознае со условите во кои учат средношколците од кривопаланечкиот регион, а воедно да се запознае и со работата на наставниот кадар. Таа ги посети кабинетите по информатика, математика, англиски јазик, географија, библиотеката, како и спортската сала.
Во обраќањето пред професорите, заменикот шеф на мисијата, Џенифер Р. Литлџон изразила големо задоволство од сето она што имала можност да го види при денешната нејзина прва посета на училиште во РС Македонија.
Габрела Стаменковска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“ информира дека според Литлџон ова е училиште кое ги поставува највисоките стандарди во школувањето и постигнување највисоки резултати.
Во рамки на посетата, пред учениците од СОУ „Ѓорче Петров“, беше презентирана и програмата за образование и  студирање во Америка. иб/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње