Утрински Весник
Сцена

Одложен вечерашниот концерт на МОЗАИК фестивалот

Одложен вечерашниот концерт на МОЗАИК фестивалот

Скопје, 28 февруари 2020 (/) – Организаторот на МОЗАИК фестивалот заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена, поради препорачаните насоки за ограничување на масовните јавни собири дадени од Центарот за управување со кризи.

Организаторите на својата фејсбук страница објавија дека ќе ги следат сите превентивни препораки, според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. 

– Сите купени влезници ќе важат за новиот датум. Доколку сте спречени да присуствувате, вашите средства ќе бидат рефундирани преку продажната мрежа на „www.mktickets.mk“ со приложување соодветен документ за потврда, наведуваат организаторите на фејсбук.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка