Утрински Весник
Македонија

Пехчевските пензионери наскоро ќе го добијат новиот пезнионерски дом

Пехчевските пензионери наскоро ќе го добијат новиот пезнионерски дом

Пехчево, 27 февруари 2020 (МИА) – Пензионерите од Пехчево наскоро ќе го добијат долгоочекуваниот нов пензионерски дом. Како што информираше пехчевскиот градоначалник Драган Тренчевски, кој присуствуваше на последната седница на Здружението на пензионери, по завршувањето на техничките работи, домот ќе биде пуштен во употреба кон крајот на наредниот месец.

– Се вршат последните подготовки за отпочнување со работа на пензионерското катче. Пензионерите долго го очекуваат и затоа ветуваме дека по отстранување на некои технички детали, најдоцна до крајот на следниот месец, истиот ќе може да се користи од страна на највозрасната категорија граѓани, рече Тренчовски.

Од Здружението на пензионери во Пехчево изразија задоволство што конечно ќе добијат катче какво што заслужуваат пензионерите од оваа општина.

– Долги години го чекаме, пензионерскиот дом. Неговото отворање ќе значи дека ќе имаме поудобен простор за сите пензионерски активности, велат пехчевските пензионери.

На последната седница на здружението на пензионери покрај констатираната добра реализација на проектите за изминатата година најавено е учество на сите регионални и државни манифестации на кои ќе биде покането здружението. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско