Утрински Весник
Македонија

Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за НАТО

✅

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

За ратификацијата на својот Фејсбук профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров.

-Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот …, напиша министерот за надворешни работи.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори. ац/са/



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Ќе има контрола, спремен да си“ – предупредувања за инспекциски надзори откриени во телефоните на обвинетите за „Пулс“

Мицкоски: Се извинувам за секоја ненамерна грешка – важно е да се работи

Николоски: Железничката обиколница Скопје ќе го забрза транспортот со карго возовите на Коридор 10, бенфититет се повеќератни