Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За 2,5 години ја спуштивме стапката на невработеност на најниска стапка досега од 17,1 проценти, отворивме 60.000 нови работни места

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Скопје, 27 февруари 2020

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија со развојни економски политики во третиот квартал од 2019 година ја намали невработеноста на најниска стапка досега од 17,1 проценти,  од 22,1 отсто во истиот период 2017 година.

За 2,5 години отворивме 60.000 нови работни места, со кои обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Посветено продолжуваме со мерките за отворање нови работни места пред се со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Досегашното искуство покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и  99% од компаниите формирани во 2018 година.

Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Покажавме дека знаеме и можеме да ја стабилизраме економијата и да го унапредиме животниот стандард на граѓаните, Република Северна Македонија да ја направиме развојна и просперитетна држава.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците.

За СДСМ  секој граѓанин е важен!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме