Утрински Весник
Македонија

Во синоќешното невреме во Скопје ветерот со над 100 километри на час

Во синоќешното невреме во Скопје ветерот со над 100 километри на час

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Во Скопје ветерот што синоќа дуваше бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи.

Силниот ветер откорна дрвја, покриви од згради и оштети фасади на објекти.

Во западните и северните делови од државата ветерот бил со брзина над 70 километри. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имало врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег каде се формирала снежна покривка и имало појава на снежни наноси.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен дожд особено во западните делови од државата. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер во западните делови, а долж Повардарието северен и со умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10  степени. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?

„Платформата 12:05“: Дали бегството на Ива Михајлова е договорено на средбата Муцунски – Чамова во Софија?

Во несреќата за која ѝ се суди на Михаjлова загина 33-годишен жител на Љуботен