Утрински Весник
Македонија

Санирани штетите од невремето во Скопје

Санирани штетите од невремето во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цела вечер на својот Фејсбук профил известуваше за санирањето на штетите, утринава изрази благодарност до службите на градот.

– Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе!!!, напиша Шилегов.

Најпогодена беше општина Карпош каде имаше откорнато дрва и кровни конструкции на неколку згради. На терен беше и градоначалникот Стефан Богоев. бак/са/

На терен сме. Се санираат приоритетно најтешките оштетувања

Posted by Петре Шилегов on Среда, 26 февруари 2020

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Новогодишен базар со музика и забава во Ѓорче Петров

Македонија ја одби бугарската понуда за помош со мазут

Советот на Струга во ќор-сокак, градоначалникот најавува избори