Утрински Весник
Македонија

ДИК: Граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

ДИК: Граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Јавниот повик за проверка на податоците од Избирачкиот список е отворен и граѓаните ќе може да вршат увид до 11 март, информираат од Државната изборна комисија.

Барањата за упис или измени на Избирачкиот список граѓаните може да ги поднесат електронски или писмено до канцелариите на ДИК и во некоја од подрачните канцеларии.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, ги повика сите граѓани да проверат дали се на Избирачкиот список и тоа да го направат до 11 март.

ДИК на денешната јавна седница, го усвои и правилникот за собирање потписи за поднесување кандидатски листи за учество во изборната трка.

Собирањето на потребните потписи се врши од денеска до 6 март во канцелариите на ДИК или на овластен нотар. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро