Утрински Весник
Македонија

Донација од 42 машини за шиење за социјални загрозени семејства во Кичево

Донација од 42 машини за шиење за социјални загрозени семејства во Кичево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево, 26 февруари 2020 (МИА) – Хуманитарната организација „Класје на добрината” – огранок во Кичево, додели 42 модерни машини за шиење за членови од социјално загрозени семејства во Кичево и Кичевско.

Оваа хуманитарна организација во изминатите денови организираше и бесплатен курс за шиење во соработка со Општина Кичево која ги покри трошоците на курсот во рамките на проектот за самовработување.

Претседателот на Х.О.„Класје на добрината” во Кичево Мухамед Мехмеди изрази благодарност до донаторот од Катар и до Општина Кичево кои им помогнале да го реализираат овој проект и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжат да реализираат вакви хуманитарни проекти.

Градоначалникот Фатмир Дехари изрази подготвеност и во иднина да поддржи вакви хуманитарни проекти со кои што на семејства во социјален ризик им се помага полесно да се снајдат на пазарот на трудот. рз/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви

Вооружена пресметка во Арачиново – 24info.mk

Сиљановска Давкова: Мора да добиеме гаранции дека нема да не туркаат да расправаме за идентитетски прашања