Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Поставени се заштитни столпчиња по должината на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром, кај кафеаната „Еквириблиум“ со што се става крај на непрописно паркираните возила и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од Општината.
Општина Аеродром воедно, најавуваат дека во наредниот период ќе бидат поставени уште околу 400 столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, и тоа на следниве локации: ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 30, бул. „Трета македонска бригада“ бр. 41, ул. „Пандил Шишков“ бр. 1, на ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2, ул. „1612“ бр. 1 и на ул. „1613“ бр. 2.
Со поставувањето на столпчињата ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот, наведуваат од Општина Аеродром. вг/скс/