Утрински Весник
Македонија

Три сомнителни случаи тестирани за коронавирус, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Патникот од Дубаи нема коронавирус (ДПЛ)

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) -Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат за половина час.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а сами се пријавиле на Инфективната клиника.

Додаде дека во попладневните часови се очекува да пристигне уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром. мс/рт/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадиновски: Политичките напади нема да влијаат врз моите професионални одлуки

Јанев: Следењето на парите и одземањето на нелегално стекнатиот имот е клучно во борбата против организираниот криминал

Муцунски од Софија: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и стабилноста на Европа