Утрински Весник
Македонија

Владини делегации положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски во Скопје и на неговиот споменик во Струмица

Владини делегации положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски во Скопје и на неговиот споменик во Струмица
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Повеќе делегации на Владата на Република Северна Македонија денеска положија цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 16-годишнината од неговата смрт.

Делегација на Владата предводена од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, свежо цвеќе положи владина делегација во состав Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Елизабета Наумовска, заменичка министерка за образование и наука, и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Борис Трајковски и на членови на неговиот кабинет и на екипажот на авионот кој се урна во близина на Мостар во Босна и Херцеговина.

Сеќавањето на претседателот Трајковски останува силно како прв човек на државата во многу сложени времиња за нашата земја и за граѓаните, и како личност кој имаше непоколеблива визија за нашата земја како членка на НАТО и ЕУ, како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена