Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Клиничката болница – Штип апелира да престане ширењето на лажни вести

Од Инфективното одделение во Штип чекаат известување дека станува изолациски центар
300x250 opst2
Најавата од Министерството за здравство дека штипската Клиничка болница ќе стане изолациски центар наиде на осуда кај дел од граѓаните во Штип, додека опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвини дека власта, со ова, го загрозува здравјето на граѓаните.

– Во град со 50.000 жители, каде секојдневно доаѓаат и заминуваат работници и ученици, во срцето на административниот центар на Источна Македонија, се предвидува карантин за корона, реагираа од ВМРО- ДПМНЕ. Од опозициската партија ја повикаа Клиничката болница да докаже со факти дали и колку се подготвени за да примаат пациенти во карантин.

Материјалите се нарачани, вклучувајќи и дезинфекциски средства, додека изолациски центар се планираните две соби со по две постели, во случај на потреба да се сместат пациенти со сомневање на корона вирусот. Ова претпладнево на прес – конференција го објасни директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеоргијев, кој побара, да престане креирањето на лажни вести.

– Имаме барање до Министерството за здравство да се достават материјали што недостасуваат –  наочари, маски и скафандери. Задолжена е болничката аптека да обезбеди дезинфекциски средства – рече Ѓеоргијев.

Тој додаде дека Инфективното одделение има тројца доктори специјалисти, двајца општи доктори, 11 сестри, 35 постели и две соби за карантин.

– Со најава на министерот, штипската болница може да биде место за сместување на сомнителни случаи со корона вирисот. Работите ќе се менуваат во зависност од ситуациите. Доколку имаме случаи со инфекција за корона вирусот за правилно третирање, сите услови ги има само Инфективна клиника во Скопје, за лица на кои им треба сериозен третман и која може да пружи интензивна терапија, како централен довод на кислород и респираторна машина. Тоа го има само Инфективната клиника во Скопје – објасни Ѓеоргијев.

Вчера е одржана обука за корона вирусот за персоналот на болницата. За намерите на Министерството за здравство сѐ уште нема ништо написмено, но, како што објаснија од Клиничката болница, добиле известување со кое од денес се забрануваат посетите на болницата и тоа ќе биде дел од превенцијата.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ќе остане ли без лиценца докторот што „шмркаше“ а не беше болен?

МВР: Казнет е возачот на службеното возило што дивееше низ Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Со молкот и неоградувањето на СДСМ, имаме легитимно право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на Тричковски