Утрински Весник
Спорт

Марадона: Се надевам дека Меси нема да одигра како што знае против Наполи

Марадона: Се надевам дека Меси нема да одигра како што знае против Наполи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неапол, 25 февруари 2020 (МИА) – Наполи вечерва (21 ч.) ја дочекува Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. Лионел Меси ќе ги предводи Каталонците на стадионот „Сан Паоло“ каде неговиот сонародник Диего Марадона испиша историја и се промовира во еден од најголемите ликови во фудбалската историја.

– Немам никакви дилеми. Моето срце е со Наполи и наполитанците. Посебно во тешки натпревари каков што е вечерашниот против Барселона. Се надевам дека Меси нема да одигра како што знае, рече Марадона за италијанскиот весник „Ил Матино“.

Марадона од 1982 година до 1984 година играше за Барселона по што се пресели во Наполи, клуб во кој се задржа до 1991 година. Со наполитанците освои две Скудета и се стекна со статус на Бог на југот на Италија. сѓд/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk