Утрински Весник
Македонија

Коалицијата за обнова на режимот предводена од извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие нокаут од граѓаните на 12 април, СДСМ ја предводи најголемата коалиција со граѓаните

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Скопје, 25 февруари 2020

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е коалиција со криминалот и коалиција за обнова на режимот, предводена од извршителот Христијан Мицкоски и неговиот диригент од Будумпешта, Никола Груевски.

На претстојните избори се создава најголемата коалиција. На 12 април, СДСМ, граѓаните и сите прогресивни сили, сите против криминалот и обновата на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од една страна е СДСМ заедно со граѓаните кои чекорат напред кон интеграција во ЕУ и НАТО, од друга страна извршителот Мицкоски и ВРО-ДПМНЕ кои сакаат да враќаат чекор назад, кон изолација и неизвесност.

Тие чекор назад, СДСМ со граѓаните три чекори напред. Затоа, на 12 април Мицкоски и Груевски ќе добијат нокаут од народот, тоа ќе биде нова можност ВМРО-ДПМНЕ да се реформира во модерна опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ самите си потврдија дека кај нив ништо не се променило, тоа е истата партија која со години ја држеше земјата во изолација и заробена, а пред извесно време само докажа дека е кочничар и против се што е во интерес на државата и граѓаните, против напредокот и просперитетот на земјата, против членството во НАТО и ЕУ.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ има таков забетониран став и деструктивни политики насочени кон државата и граѓаните ќе остане во длабока опозиција.

СДСМ покажа како вистински се сака државата и како се бранат државните и интересите на граѓаните. Најголема потврда за тоа се решавањето на клучните прашања кои ја држеа земјава во изолација, а со отворањето и ослободувањето на земјава пристигнаа и економските придобивки, еконосмски раст, историски најниска невработеност, бројни мерки и реформи во сите сегменти на општеството од кои директни придобивки имаат граѓаните.

Затоа, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат и ќе ги поддржат политиките на СДСМ што носат економски раст и развој и напредок во евроинтеграциите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер