Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство во двете држави

Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство во двете држави
300x250 opst2

Подгорица, 24 февруари 2020 (МИА) – Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска во рамките на работната посета на Црна Гора, имаше средба со директоротот на црногорската Управа за дијаспора, Предраг Митровиќ.

Адеми на средбата се заблагодари за севкупниот позитивен однос на државата Црна Гора кон македонската дијаспора, како и за соработката на надлежните црногорски институции со здруженијата кои ги обединуваат нашите граѓани. Го пренесе задоволството од степенот на интеграција на црногорската заедница во Северна Македонија, соопшти кабинетот на Адеми.

Тој го реафирмира интересот за склучување договор за заштита на правата на македонското национално малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Северна Македонија, за што постои начелна позитивна подготвеност од двете страни.

Министерот Адеми се сретна и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора, на која беше запознаен со нивните напори за формирање на Македонски национален совет, како и за можноста за институционална поддршка на тој процес.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Променливо облачно со сончеви периоди

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!