Утрински Весник
Македонија

Црн чад во кавадаречко Возарци ги вознемири кавадарчани

Црн чад во кавадаречко Возарци ги вознемири кавадарчани

Кавадарци, 24 февруари 2020 (МИА) – Црн чад во кавадаречко Возарци, денеска ги вознемири кавадарчани. Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА велат дека проблемот бил краткотраен и бил надминат.

– Инспектор доби известување за соодветно случување во „Еуроникел” и веднаш доби налог да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба. Имало поголемо вбризгување на мазут од парниот котел, од страна на бренерот на котелот, па се појавил црн чад. Но, тоа траело само пет минути, изјави за МИА Хусни Тачи, раководител на сектор за инспекциски надзор при Државниот инспекторат за животна средина.свд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Подрум во Аеродром претворен во скривалиште за дрога

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Скандал на македонско-албанската граница: Со дипломатски пасоши чекале еден час, па биле вратени