Утрински Весник
Економија

Енергетиката од обновливи извори во фокусот на средбите на владината делегација во Лондон

Енергетиката од обновливи извори во фокусот на средбите на владината делегација во Лондон

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, во придружба на министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, како дел од агендата од еднодневната работна посета на Лондон по повод Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оствари средба со Мартина Ларкин, извршна директорка на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, било споделено заедничкото задоволство од соработката на Владата на Република Северна Македонија со СЕФ, како глобален форум за презентација и за привлекување на интересот на странските влади и компании за економска соработка со нашата земја.
Премиерот Спасовски на средбата истакнал дека Светскиот економски форум во Давос е место на кое Северна Македонија ги презентира сопствените искуства во областите кои се во фокусот на светската економија како што се енергетиката и енергетските реформи со доминантна улога на транзицијата кон обновливи извори на енергија, потоа определбата да се следат трендовите на Зелената економија, односно на давањето предност на незагадувачките и енергетски ефикасните индустрии, како и придобивките од четвртата индустриска револуција, односно дигитализацијата на услугите и на економските процеси.

Во насока на поддршка на проекти од Зелена економија и енергетска ефикасност, денеска во Лондон, во седиштето на ЕБОР, договор за менаџирање на кредитните линии за оваа намена за мали и средни претпријатија како и за граѓаните потпишаа членови на Управниот одбор на ЕБОР и д-р Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Потенцијалите за взаемна поддршка на полето на обновливите извори на енергија била тема и на средбата на премиерот Спасовски со менаџерскиот тим на една од водечките француски компании во ова поле „Акуо Енерџи“. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија