Утрински Весник
Македонија

Во Велес изминатата недела 468 заболени од грип од кои најголем број се деца

ИЈЗ: Регистрирани 73 заболени од грип

Велес, 24 февруари 2020 (МИА) – Вo Центарoт за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 468 заболени од грип од кои најголем број се деца.

Споредено со претходната недела кога беа регистрирани 808 заболени, а што беше и најмногу за една недела годинава, изминатата недела бројот на заболени е во речиси двојно опаѓање, но сепак бројот на заболени е голем, посочуваат епидемиолозите од оваа јавна здравствена установа

Доктор Бојан Тодоровски од Центар за јавно здравје во Велес истакна дека од 468 заболени 75 се деца на возраст до четири години, а 166 се школски деца основци на возраст од 5 до 14 години. Во старосната група од 15 до 64 години, каде има и деца средношколци заболени се 198, а на возраст над 65 години заболени се само 29 лица.

Во текот на февруари во Центарот за јавно здравје во Велес се регистрирани 1.359 лица заболени од грип, а во јануари имало само 88 заболени од грип. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја