Утрински Весник
Македонија

Трибина: Дигитализираните јавни услуги ги олеснуваат административните постапки во општините

Трибина: Дигитализираните јавни услуги ги олеснуваат административните постапки во општините

Велес, 24 февруари 2020 (МИА) –  Во рамки на ЕУ проектот „Со еден клик до сите твои услуги“ денеска на трибина во Општина Велес пред претставници на јавните институции  беше претставен Националниот портал за електронски услуги. Електронската платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, им овозможува на граѓаните да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски истакна дека на ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги што е во функција од декември лани граѓаните на едно место можат да добијат информации за сите услуги што ги нудат институциите, сите потребни документи за остварување на своите права, како и временската рамка за добивање на услугите. На порталот се достапни 128 електронски услуги, од кои 58 се нови, а 8.400 корисници се веќе регистрирани и ги користат овие услуги.

 Манчевски го посети шалтерот за дигитални услуги во Граѓанскиот ресурсен центар, при што појасни дека граѓаните кои немаат корисничко име и лозинка од УЈП со којшто можат да се најават за услуги треба да дојдат во овој центар за да го активираат својот електронски идентитет, а воедно и информација како да ги користат  и останатите електронски услуги.

Pet Utrinski

Според велешкиот градоначалник Аце Коцевски, Општина Велес има големо искуство во оваа насока и веќе им нуди на граѓаните 47 електронски услуги.

– Беспрекорно функционира системот за добивање на електронска услуга и за градежно земјиште и се надевам дека со новите услуги ќе им овозможиме на граѓаните да добијат многу побрзи и многу поквалитетни и поевтини услуги во многу различни домени без разлика дали се во надлежност на институциите на локалната или централната власт, најави Коцевски.

Во насока на дигитализацијата на државата и нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација министерот Манчевски информира дека сите овие јавни институции во земјава имаа база на податоци, но проблемот со кој се соочуваат е што најголем дел од овие институции архивите и базите на податоци сега ги имаат само на хартија.

-Затоа следниот ИПА голем проект подржан од страна на ЕУ кој ќе се спроведува оваа година  е за дигитализација на клучните регустри.Тоа значи дека за да можеме да разменуваме внатрешно електронски документи ќе мора се’ што сега е на хартија да го  пренесеме  во електронска форма и ова ќе трае долго време, а нас сега фокусот ни е на клучните регистри, рече Манчевски.

Го имаме, потенцираше, Националниот портал за електронски услуги  uslugi.gov.mk и тој  е единствената единствената контакт точка преку кој што граѓаните можат да дојдат до услугите на сите институцииекои од електронските услуги  некои од институциите ќе ги имаат  и понатаму, но овде на овој портал ќе ги има сите на едно место. Тука ќе ги имате  и оние 78 кои постоеле досега  и оние 50 нови коишто ги развивме со овој портал, односно на едно место со едно корисничко име и лозинка граѓаните ќе имаат пристап  до услугите на сите институции, појасни министерот Манчевски.

Тој информира дека е многу важен Каталогот на услуги кој е веќе објавен на Националниот портал uskugi.gov.mk., каде веќе се објавени околи 800 услуги. Каталогот е основа е за дигитализацијата и во него најпросто се појаснуваат  услугите: кој се е надлежна инстутуција и кои се докази треба да се донесат, колку чини услугата и во кој рок треба да ви одговорат, како и каде треба да се жалат ако нешто не е во ред .

За неколку месеци ќе биде комплетирана листата од околу 1500 услуги која е  мапа по која ќе се движи дигитализацијата на услугите.

-Овој каталог ќе помогне на многу граѓани  и во делот на оние под 800 услуги кои се во каталогот од кои  128 се добиваат електронски, а другите уште не. Но, сепак  ќе им помага на граѓаните  што треба да направат, а  за да добијат одредена услуга,појасни министерот Манчевски.ад/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност