Утрински Весник
Спорт
Img 7972

МЗТ Скопје ја прекина соработката со Радуловиќ и со Морнар

МЗТ Скопје ја прекина соработката со Радуловиќ и со Морнар
Img 7972

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром.

– Нивното заминување е во контекст на неодамна најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата. Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби, соопштија аеродромци на официјалниот клупска веб-страница.

МЗТ Скопје Аеродром на двајцата веќе поранешни кошаркари им посакува сѐ најдобро во продолжение од кариерите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути