Утрински Весник
Македонија

Од утре времен сообраќаен режим на улица „Пластичарска“

Од утре времен сообраќаен режим на улица „Пластичарска“

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. „Пластичарска“, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Измената на режимот на сообраќај, како што соопштува од прес-службата на Град Скопје, ќе почне да важи од утре, кога ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.„Македонско-косовска бригада“. Оттаму информират дека потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од четири метри.

Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден, сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

ВЛЕН: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата

ЛДП: Се потврди нашето — буџетот немилосрдно се испумпува! Сега скратете ги и измислените функции, непотребните заменици и преплатените управни одбори!