Утрински Весник
Сцена

Емили Ратајковски на двегодишнината од својата венчавка, објави ново видео

Емили Ратајковски на двегодишнината од својата венчавка, објави ново видео

Лос Анџелес, 24 февруари 2020 (/) – Манекенката Емили Ратајковски пред точно две години, далеку од очите на јавноста стапи во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Мекклард, за кого претходно не се ни знаеше дека ѝ е момче.

Двојката се венчала во присуство на мал број луѓе, а невестата наместо венчаница, носела жолта тоалета од Зара, што тогаш беше огромен хит, и голем црн шешир со мрежа. Манекенката тогаш на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а сега, на годишнината, ги почести своите обожаватели и со видеоснимка од моментот кога кажала „да“ и првиот брачен бакнеж.

View this post on Instagram

2 years ago at the courthouse 10/10 would marry again (& again & again & again)

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Feb 23, 2020 at 8:28am PST

„Би се омажила за тебе повторно, и повторно, и повторно…“, напиша Емили под романтичното видео. За половина ден снимката ја погледнале над два милиона следачи, а коментарите се главно позитивни.

Покрај видеото, Емили објави и нови слики од венчавката, коментирајќи дека со секој изминат ден сè повеќе и повеќе го сака сопругот. си/гт/



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка