Утрински Весник
Македонија

Откриени 43 мигранти во товарно возило во реонот на село Ваксинце, возачот приведен

Откриени 43 мигранти во товарно возило кај селото Лакавица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници вчеравечер во реонот на село Ваксинце го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Д. од Скопје бидејќи во товарно моторно возило што тој го управувал биле пронајдени 43 мигранти од Бангладеш.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 21:40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода лицето Б.Д кој управувал товарно моторно возило “Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.

– По преземените активности, полициски службеници во реонот на село Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш кои биле превезувани во возилото. Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се наведува во соопштението. мс/ац/

фото МИА архива

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Преку социјална мрежа измами маж од Гостивар за 2.000 евра

Мицкоски: Очекувам јавен обвинител да се позанимава со кривичните пријави во фиоките на обвинителите, народот бара правда

Кривична пријава против директор за незаконско вработување на наставен кадар