Утрински Весник
Спорт

Вајлдер: Нема изговори, победи посилниот

Вајлдер: Бев на дното и размислував за самоубиство!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лас Вегеас, 23 февруари 2020 (МИА) – Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер го призна поразот по мечот со Британецот Тајсон Фјури.

– Сè е во ред со мене. Ова се случува. Подобриот боксер победи денес. Мојот агол фрли крпа, иако бев подготвен да ја продолжам борбата. Имаше одредени работи пред оваа борба, но што сега да се зборува за тоа. Не може да има изговори. Јас само би сакал мојот тим да дозволеше оваа борба да продолжи. Јас сум воин. Противникот покажа одличен бокс, но ќе се вратам уште посилен. И ќе го докажам тоа сè на сите, изјави Вајлдер.

Американецот ноќеска во Лас Вегас загуби во седмата рунда со технички нокаут и му ја препушти на Фјури титулата во ВБЦ верзијата тешка категорија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk