Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За две и пол години просечнаа плата повисока над 4.000 а минималната за 5.500

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

23 февруари 2020
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна партија останува посветена да работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата.
Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.
Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари.  Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари.
Ова се бројки и факти што ги потврдуваат успешните економски полиитки на СДСМ реализирани за само 2.5 години.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари, а за седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата порасна за едвај 2.000 денари.
По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата.
И по победата на 12 април продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра