Кичево, 22 февруари 2020 (МИА) – Одбојкарската екипа на „Ускана“ од Кичево денеска ја победи екипата на „Македонија Макс“ од Струмица со 3 – 0 во сетови во рамки на второто коло од одбојкарското првенство за жени.
Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен, но во продолжението во вториот и особено во третиот сет, кичевките го скршија отпорот на гостинките од Струмица и остварија убедлива победа над „Македонија Макс“ со 3-0 во сетови ( 25-29, 25-20, 25-13). рз/мд/