Утрински Весник
Македонија

Ловечка федерација на Македонија: Да нема продолжување на ловната сезона по 31. јануари

Ловечка федерација на Македонија: Да нема продолжување на ловната сезона по 31. јануари

22 февруари 2020 

Почитувани,

Ловечката Федерација на Македонија Ве информираме дека според Законот за Ловство ловната сезона за лов на дива свиња е до 31-ви јануари,што значи дека ловната сезона е завршена,а за  нејзино продолжување надлежно е Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство,кое до сега нема донесено такво решение. Исто така,нема решение со кое за отстрелана дива свиња ќе се исплаќа по 3000 денари. Официјалниот став на Ловечката Федерација на Македонија е да нема продолжување на ловната сезона после 31-ви јануари,бидејќи според ловечката етика и морал,неможеме да дозволиме да се отстрелуваат бремени диви свињи и да се вознемирува останатиот дивеч во репродуктивен период.

Со почит,

Ловечка Федерација на Македонија

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро

Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати