Утрински Весник
Македонија

Акција за чистење на ООУ „Исмаил Ќемали“

Акција за чистење на ООУ „Исмаил Ќемали“

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје денеска се приклучи кон иницијативата на Советот на родителите на ООУ „Исмаил Ќемали“ од скопската општина Чаир за спроведување акција за генерално чистење на дворот и околината на училиштето.

Во рамки на акцијата, како што соопштија од претпријатието, учениците заедно со своите родители ги чистеле отпадоците од училишниот двор со помош на екипите на „Комунална хигиена“ кои го подигнале и транспортирале собраниот отпад.

– ЈП „Комунална хигиена“-Скопје секогаш со радост им излегува во пресрет на ваквите иницијативи за чистење на образовните институции затоа што нашите најмлади сограѓани заслужуваат да учат во чиста и здрава животна околина. Овие акции се особено значајни затоа што кај новите генерации ја развиваат свеста за правилно постапување со отпадот, изјави директорот на претпријатието Абдусамед Шабани. мс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Тој што има пари, има и слобода – Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор

140.800 Македонци живеат со дијабетес – годишно се откриваат 7.500 нови случаи