Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат стечајниот управник Мицкоски и Груевски повторно да ја задолжуваат државата

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат стечајниот управник Мицкоски и Груевски повторно да ја задолжуваат државата

Скопје, 22 февруари 2020 

Почитувани граѓани,

Зад мене е луксузниот бел дворец, седиште на партија која важеше за најбогата во Европа,  а денес партија со огормен долг од 8 милиони евра!

Според признание на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ дека овој долг главно е направен за изборни цели, тогаш се отвора сериозни сомнежи за незаконско работење.

Ако тоа е точно тогаш се прекршени бројни законски прописи.

Стечајниот управник Мицкоски, диригиран од осудениот криминалец Груевски, 11 години ја задолжуваа државата и ги крадеа граѓаните.

За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државава тројно се зголеми за период од 2006 година до првиот квартал од 2017 година.

Токму во периодот на најголема сиромаштија, оваа партија изгради луксузена бела палата, која претставува споменик-симбол на криминал, корупција и режимско владеење.

Замислете, ако својата партија ја задолжиле 8 милиони евра, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски, повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Мицкоски, на 12 април граѓаните нема да ти дозволат ти и твојот шеф Груевски повторно да ја задолжувате и ограбувате државата.

На 12 април граѓаните јасно ќе ти порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!

Стефан Васев од СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата