( META) Струшката фирма „Сити лајт“ од сметката на Општина Свети Николе, на 10 февруари, успеала да повлече 210.000 евра преку извршно решение. Станува збор за оспорен долг од 2013 година, откако Општината еднострано го раскинала договорот за јавно-приватно партнерство за модренизација и одржување на уличното осветлување склучен во 2012 година.
Во меѓувреме, „Сити лајт“ успеала да го добие судскиот предмет, да наплати 100.000 евра за работата во 2013 година и уште 110.000 евра камата и судски трошоци. Дополнително бара да наплати уште над 660.000 евра, за периодот од едностраното ракинување на договорот до денес, иако со години не работи на уличното осветлување.
Во 2012 година, на крајот од својот мандат тогашниот градоначалник Роберт Георгиев од ВМРО ДПМНЕ со „Сити лајт“ склучува договор за јавно-приватно партнерство на 13 години, во вредност од 91 милион денари. Неговиот сопартиец, Зоран Тасев, кој ја презема градоначалничката функција, одлучува до го раскине договорот, откако констарирале дека склучениот договор е штетен, а работите не се завршени кавалитетно. Меѓутоа, како што вели сегашниот градоначалник Сашо Велковски, тоа пред судот не успеале да го докажат.
–Судот не ги прифаќа аргументите на општината дека работите на приватниот партнер во случајот „Сити лајт“ не се завршени квалитетно, ниту употребените материјали се според одредбите од договорот, дека не е извршен технички прием на светилките и слично. Од овој финансиски удар општината не може за заздрави долго време. Ако „Сите лајт“ успее да ги реализира и фактурите во износ од 42 милион денари, сметката на општината ќе биде блокирана – рече Велковски.
Поранешниот градоначалник Зоран Тасев вели дека јавно-приватното партнерство никогаш и не стапило во сила. Кога дошол на функција, утврдил дека договорот е штетен по општината, а како илустрација ја изнесува цената на една сијалица од дури 900 евра.
-Правните служби сугерираа дека договорот не е во ред, бидејќи има член каде вели дека сијалиците се со рок од 40.000 часови, тоа е за 10 години, а договорот е на 13 години. Практично, ќе требаше Општина Свети Николе сама да си купува сијалици додека се’ уште трае договорот, а приватниот партнер само да наплаќа. Договорот не ни профункционира и нема платено ниту една фактура од наша страна, бидејќи беа констатирани работи, кои не се во ред – изјави Тасев.
За овој случај оформен е предмет во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Иако пријавата е од 2017 година, од Обвнителството информираат дека се’ уште е во предистржна постапка и се чека вештачење.
Во меѓувреме, Општината Свети Николе се соочува со блокада на сметката. Преземени се вонредни правни мерки, а предметот е пред Вишиот Управен суд, по жалба на Сити лајт, откако Управниот суд пресудил во корист на Општината. Извршното решение и побарувањата во висина од над 660.000 евра, според градоначалникот Велковски, целосно ќе ја блокираат опшштината, со што паѓаат во вода планираните проекти.