Утрински Весник
Македонија

Во штипската населба Долна Железничка се гради канализациска мрежа

Во штипската населба Долна Железничка се гради канализациска мрежа

Штип, 21 февруари 2020 (МИА) – Општина Штип и комуналното претпријатие „Исар“ почнаа со изградба на нова канализациска мрежа во населбата Долна Железничка. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска беше на увид на градежните работи, истакна дека станува збор за линија со должина од околу 400 метри со седум приклучни шахти на која ќе се приклучат неколку домаќинства од овој дел од градот.

-Се наоѓаме во населбата Долна Железничка каде преку комуникација со урбаните заедници увидовме потреба од изградба на канализациска мрежа во овој дел од градот како едно од главните барања на урбаната заедница во Долна Железничка. Се работи за инвестиција од околу 750.000 денари, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип,  Живко Тасев истакна дека во програмата за работа на јавното претпријатие имаат предвидено повеќе вакви проекти кои ќе се случат во текот на овој период, заради тоа што, како што рече, граѓаните во 21. век мора да имаат добри услови за живот.

Тој најави дека активностите ќе продолжат во населбата Горна Железничка, каде неколку домакинства ќе добијат канализациска мрежа. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ