Утрински Весник
Македонија

Работна средба на градоначалниците на Демир Хисар и албанскиот град Клос

Работна средба на градоначалниците на Демир Хисар и албанскиот град Клос

Демир Хисар, 21 февруари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски оствари работна посета и средба со градоначалникот на Општина Клос Илми Хоџа, а во функција на заедничкиот прекуграничен проект „Откривањето на скриените атракции“.

Од Општина Демир Хисар информираат дека на средбата се разговарало за реализација на проектот, за планот за развој на заеднички производи за туризам и подготовка на патеки за пешачење и велосипедизам на околните рурални области се до атрактивните планински врвови над Демир Хисар и Клос.

Преку проектот ќе се реконструира Кооперативниот дом во село Слоештица во мултифункционален центар со сала за презентации, соби за сместување, сувенирница, спомен-соба на Петре М. Андреевски и продавница за локални производи. Исто така, ќе се гради пешачка патека од село Слоeштица до Широка Рудина заедно со поставување на информативни табли и знаци за насоки, уредување на природните атракции кај „Валавици“, а според проектот во албанскиот град Клос ќе се инвестира во изградба на Етнографски музеј, надградбата на туристичката инфраструктура во областа на Балѓај, мостот Ваше и други потенцијални атракции, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Проектот е финансиран од Европската Унија, во рамки на прекуграничната програма за 2014-2020 година меѓу Албанија и Северна Македонија и освен општините Демир Хисар и Клос, како партнерски организации вклучени се и „АРТ ПОИНТ-ГУМНО“ од село Слоештица и албанската Фондација за локална автономија и управување, „ФЛАГ“. мт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”