Утрински Весник
Македонија

„Снежен град“ на Попова Шапка во битка со топлото време

„Снежен град“ на Попова Шапка во битка со топлото време

Тетово, 21 февруари 2020 (МИА) – Манифестацијата „Снежен град“ на Попова Шапка овие пет дена измина во битка на учесниците-ученици од основно училишта со временските услови, односно топлото време кое за некоку часа ги топеше направените снежни фигури. Организаторот Детски Културен Центар „Карпош“ од Скопје имаше повикано 60-тина ученици на годинешната 44-та по ред манифестација „Снежен град“.

-Иако сонцето го топеше снегот за неколку часа, децата беа упорни и ги правеа фигурите. Малку заврна снег, но го дуваше и ветер. Се работеше од кај 9:30 па до 12:30 секој ден. Успеавме да направиме пингвин, Снежана и седумте џуџиња, тврдина, „оган“ во снегот, порта и коњ. Секако и најчестата фигура-игло, односно повеќе иглоа кои се обидоа децата да ги поврзат со тунели да влегуваат и да поминуваат поминувааат низ нив, изјави Стојан Христов, организатор на програма во ДКЦ „Карпош“.

Тој потенцира дека и покрај тоа што на крајниот ден сите фигури не успеале да го издржат топлото време, целта на манифестацијата е постигната.

-Иако траеја по еден или два дена, снежни фигури имаше, а најважно беше да се прикаже креативноста кај децата како и да се навиканат на едно колективното дружење. Имавме ситуации на кои наидуваме, дел од ученциите градители да се деца на луѓе кои во детството биле дел од Снежниот град па продолжиле да другаруваат, изјави Христов.

Во попладневните часови учениците имале разни активности од забавно – рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг – понг , билијард, шах, Училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски, забава, танцување и дискотека. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија