Утрински Весник
Македонија

Нашиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

Нашиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Нашиот државјанин, кој е хоспитализиран откако се зарази со коронавирус на крузерот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, е во добра здравствена состојба. По тринеделниот третман тој ќе биде пуштен, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

– Дваесет и пет отсто од луѓето кои биле инфицирани со вирусот на крузерот се пуштени дома. Франција, Германија и САД направија трансфер на патниците. Другите двајца наши државјани кои се на крузерот не се заразени, во добра здравствена состојба се и продолжуваат со својата работа со мерки за превентивна заштита. Тие работат во делот на подготвување и разнесување храна, рече д-р Караџовски. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче, како специјален бугарски пратеник верува дека уставните измени се последно барање

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски